Железарец по осми пат шампион на Македонија во футсал

Од:

Со победа од 6:0 над Хедис, КМФ Железарец ја завери осмата титула во првата Футсал лига со 26 победи и само еден нерешен натпревар.

– Ова е втора титула за мене како тренер на Железарец. Сезоната беше долга и за играчите и за стручниот штаб. Прво ќе се одмориме и ќе видиме што ќе ни донесе ждребот на 8 јули во Нион. Откако ќе го видиме рангирањето на Железарец, кое ќе ја одреди позицијата, во вториот или третиот шешир, ќе започнеме со планирање на активностите за планирање на настапите во футсал Лигата на шампиони. Ќе одиме чекор по чекор, посакуваме можност за настап во фајнл фор. Минатата година стигнавме многу блиску, сите во клубот се надеваме дека ќе не послужи спортска среќа и дека оваа година ќе ја израдуваме целата македонска спортска јавност со настап меѓу најдобрите четри екипи во Европа, изјави тренерот на Железарец, Иван Божовиќ.

На 29 мај во Битола ќе се одигра и финалето на купот, кое ќе претставува своевидна реприза на минатогодишното, бидејќи повторно ќе се сретнат Железарец и Јувентус Серава.

Сакам да ја искористам оваа прилика да им посакам среќа на двете екипи – изјави Славе Крстев, претседател на футсал комисијата на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска