Железарец ја помина првата пречка, го очекува дуелот со Бен Гурион

Од:

Македонскиот футсал шампион, екипата на Железарец ја забележа прва победа во квалификациската група од футсал купот на УЕФА и сега му преостанува дуелот со Бен Гурион на кој треба да го потврди пласманот во следната фаза.

Железарец вчера беше подобар од Аугур од Естонија со убедливи 4:0.
Вечер од 20 часот играат Аугур и Бен Гурион, а утре Железарец ќе игра со израелскиот шампион.

Оптимистичкото расположение во таборот на македонските шампиони го пренесува капитенот Зоран Левески.

– Веруваме дека ќе славиме и на утрешниот натпревар против Бен Гурион, и како првопласирани во групата ќе продолжиме понатаму, изјави Левески.

Натпреварите се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска