Жардим сигурен дека Монако ќе излезе од кризата

Од:

Предводникот на Монако, Леонардо Жардим е убеден дека неговиот тим ќе се врати на победнички патеки.

Тимот од Кнежеството синоќа во натпреварот од шестото коло на француската Лига 1 на гостински терен одигра нерешено со Ремс (0:0).

– Играта на тимот во овој натпревар може да се оцени позитивно. Ремс играше подобро од нас во првите 25 минути од средбата. Потоа се вративме во ритам. Успеавме да го зачуваме нашиот гол. Треба да се забележи многу сигурна игра на голманите на двете страни. Фановите имаат причина да бидат несреќни. И јас сум незадоволен. Но, знам дека оние кои го поддржуваат Монако имаат добро сеќавање. Во текот на изминатите пет сезони, давав се од себе и напорно работев. Морам да барам решенија. Важно е играчите да одговорат позитивно на ова. Сигурен сум дека ќе успееме да излеземе од резултатската криза, изјави тренерот Жардим.

По шест кола во Француското фудбалско првенство Монако е на претпоследното со само три бода и ефект три нерешени и три порази, без ниту една победа.

Би можело да ве интересира

Жардим: Одлуката на Монако за мене беше изненадување

Монако привлече 18-годишен Србин за 10 милиони евра

Маркизио се договори со Монако

Монако го привлече Слимани од Лестер

Mонако заинтересиран за Перишиќ

Жардим сака нови играчи во Монако