Mонако заинтересиран за Перишиќ

Од:

Фудбалскиот клуб Монако е заинтересиран да го види во своите редови играчот на Интер Иван Перишиќ, пишува „Газета дело Спорт“.

Хрватот во Монако ќе го замени Кеито Балде кој веќе неколку време е на заминување од клубот. Имено тој се враќа од Интер каде беше позајмен на една година, но нерозаурите одбија да го купат за 34 милиони евра.

Сепак, враќањето на Балде не значи дека тој ќе остане во клубот, кој е подготвен да го продаде за пониска цена од таа што и беше понудена на интер, односно 25 милиони евра, а на негово место ќе дојде Перишиќ.

Инаку, по последните јавни критики на тренерот Конте упатени до хрватскиот репрезентативец, станува јасно дека Перишиќ веќе нема место кај овој италијански клуб.

Би можело да ве интересира

Жардим: Одлуката на Монако за мене беше изненадување

Монако привлече 18-годишен Србин за 10 милиони евра

Жардим сигурен дека Монако ќе излезе од кризата

Маркизио се договори со Монако

Монако го привлече Слимани од Лестер

Жардим сака нови играчи во Монако