Првиот човек на ФИА кој долги години беше директор на Ферари, Жан Тод, за германската телевизија RTL, изјави дека Михаел Шумахер вo иднина ќе може да води нормален живот.
Михаел Шумахер пред десет месеци на скијање во Мaрибел се здоби со сериозни повреди на главата, веднаш беше опериран а потоа речиси шест месеци мина во вештачка кома. Во јуни тој од Франција беше прверлен во Лозана во клиника за рехабилитација, откаде пред еден месец е пуштен на домашно лекување.
Од моментот кога Шумахер беше префрлен во Лозана немаше многу информации за неговата состојба, но изјавата на неговиот поранешен шеф говори дека 45-годишниот Ф1 ас би можел целосно да закрепне од тешката повреда.
„Го видов на почетокот на неделата. Тој се бори и ситуацијата е многу подобра, што е многу важно. Добро е што е во својот дом со семејството. Можеме да претпоставиме дека Шумахер ќе може да води релативно нормален живот во блиска иднина. Му треба малку време, мора многу да се одмора и мора да го оставиме да ужива во својот мир. Сигурно е само дека никогаш повеќе нема да може да вози болид на Ф1“, рекол Тод.