Жан Тод два пати месечно оди во посета кај Шумахер, заедно гледале Ф1 трки

Од:

Жан Тод, поранешниот шеф на Ферари еден од ретките луѓе кои можат да го посетат Михаел Шумахер даде интервју за германските медиуми. Тој уште еднаш потврди дека два пати месечно оди во посета кај легендарниот возач.

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер се уште е во тешка состојба, но еден од неговите најблиски соработници тврди дека е „во најдобри раце“. За време на новото интервју за германските медиуми, поранешниот директор на Ферари, Жан Тод, истакна дека поранешниот возач е опкружен со луѓе кои го сакаат.

За потсетување Шумахер на 29. декември 2013 година имаше тешка несреќа на скијање, девет месеци мина во болница во Франција, а потоа е префрлен на домашно лекување.

Оттогаш, неговата сопруга Корина, која стана глава на семејството, ги чува во тајност деталите за неговото здравје, а само повремено излегуваат детали за вистинската состојба на Михаел.

Кругот на луѓе кои имаат пристап до Шумахер е многу мал, а Жан Тод два пати месечно оди да го посети легендарниот возач. Заедно повремено ги следат трките во Формула 1 каде денес се натпреварува Мик Шумахер.

„Среќен сум што навивачите, не само во Германија, мислат толку многу за него. Луѓето прашуваат многу за Михаел. Навивачите треба да знаат дека тој е во најдобри раце, опкружен со луѓе кои го сакаат“, рече Тод.

За разлика од поранешниот директор на Ферари и еден од најблиските соработници на Шумахер за време на неговата тркачка кариера, други луѓе немаат пристап до домот на Шумахер.

Неодамна за тоа проговори Еди Џордан, поранешниот сопственик на тим во Формула 1.

„Корина во еден момент беше во врска со мојот возач Хајнц-Харалд Френцен. Таа го остави и подоцна се омажи за Михаел. Бидејќи ја познавам, ја контактирав и прашав дали можам да дојдам да го видам Шумахер. Одоговорот беше не. Таа ми рече дека никој не може да го види освен најблиските членови на семејството“, изјави пред неколку дена легендарниот ирски возач Еди Џордан.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Шумахер ќе биде опериран во Франција, докторите се надеваат дека ќе го вратат во нормала

А1он

Првото Ферари на Шумахер ставен на аукција

Ана Ололовска

Италијански неврохирург: Шумахер е непрепознатлив

Ана Ололовска

Жан Тод за Шумахер: Не може да комуницира како порано

Ана Ололовска