Зголемен наградниот фонд на ВТА турнирите

Од:

Женската тениска асоцијација објави информација дека наградниот фонд на ВТА турнирите за 2013 година ќе изнесува 58,7 милиони долари и ќе биде за 10% повисок во однос на минатата година.
Ова зголемување се однесува на 54 турнири што треба да се одиграат годинава, а истото не се однесува на Грен слем турнирите.

Друга новина е тоа што Полска во април за првпат ќе биде организатор на ВТА турнир, благодарение на пласманот на Агнешка Радванска во финалето на „Вимблдон 2012“.

Исто така победничката на Ролан Гарос, Кинеската На Ли, му донесе турнир од ВТА серијата на родниот град Вуан, а за сметка на тоа Токио ја изгуби организацијата на турнирот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех