Здружението на кошаркари воздржано околу изборот на претседател на МКФ

Од:

Здружението на кошаркари на Македонија преку соопштение ја информира јавноста дека е воздржано пред денешниот избор на новиот претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Ваквиот став на македонските кошаркари е поради тоа што ниту еден кандидат не ја презентирал својата програма, ниту ги контактирал нив за евентуално да ги чуе размислувањата за иднината на мак-баскетот.

Здруженито бара идното раководство на МКФ постепено да го намалува бројот на странски играчи во домашното првенство:

1. Здружението на кошаркарски играчи на Македонија, е со став од натпреварувачката сезона 2015/16 да се воведе правило за задолжително присуство на паркет, во секој момент за времетраење на натпреварите од домашното првенство, на најмалку два домашни играчи.

2. Да се воведе стручна програма во тренажниот процес и системот на натпреварување во сите младински категории, за развој на младите играчи, чијашто реализација ќе биде под континуиран мониторинг и контрола од страна на МКФ. Програмата да биде задолжителна за сите кошаркарски клубови.

3. Паралелно со продукцијата на нови македонски кошаркари, континуирано да се намалува бројот на странски кошаркари за натпреварите во домашното првенство: Во натпреварувачката сезона 2015/16  намалување на бројот на странски играчи од 6 на 5, во сезоната 2016/17 од 5 на 4, а понатамошната прогесија ќе зависи од бројот на нови наши играчи, што пак е директно поврзано со претходните две точки, стои во соопшетнието.

Барањата на македонските кошаркари, како што велат, имаат единствена цел, да го поттикнат производството на домашни играчи, што е темел за развој и на клубската, но, пред се, на репрезентативната кошарка.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он