Здружението на кошаркари е може да изгради објективен став за „случајот“ Марко Симоновски

Од:

Здружението на кошаркарски играчи на Македонија денеска се огласи околу спорот на кошаркарот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски со Македонската кошаркарска репрезентација што се однесува на обештетувањето за повредата на играчот.

Соопштението на Здружението на кошаркарски играчи ви го пренесуваме во целост:

– Почитувани, во однос на последните случувања со кошаркарот Марко Симоновски и повредата со која се соочи за време на подготовките на Националниот тим, Здружението на кошаркарски играчи на Македонија може да ги сподели следните информации:

Според досегашната доставена документација и стручна анализа на истата од страна на Лекарската комисија при МКФ, констатирана е повторна повреда на играчот, т.е. повреда која била постоечка во минатото и е карактеризирана како случај на недоволен опоравок или несоодветен опоравок од истата. Според тоа МКФ не сноси одговорност за обесштетување на играчот, бидејќи, како што сме информирани, осигурувањето на играчите е надлежност на ФИБА, а тие во ваков случај не превземаат одговорност да обесштетат ваков вид на повреда.
Според изјавата на Марко Симоновски, повредата настанала во тек на тренажниот процес на подготовките со репрезентацијата на Македонија и е ново настаната повреда, при што бара да се активира осигурувањето од ФИБА за да биде обесштетен за периодот додека се рехабилитира и се подготвува да се врати на терен.
Здружението не може да даде објективен став во моментот, иако факт е дека во последните 2 години МКФ направи многу конкретни и позитивни потези за домашните играчи, како на пример донесувањето на правилото за 2(два) домашни играчи на терен во текот на целиот натпревар, со што докажува дека се грижи за домашните играчи.

Добивме известување од канцеларијата на МКФ дека случајот со Дамјан Стојановски е најсвеж од аспект на односот на МКФ кон репрезентативците и домашните играчи воопшто, каде што после повредата Стојановски бил обесштетен во целост и била дадена максимална поддршка при рехабилитациониот процес.

Последно, но не и најмалку битно е дека од МКФ добивме комфирмација дека доколку доказниот материјал на играчот укаже дека повредата е ново настаната, тој ќе биде потполно обесштетен од страна на МКФ и тие ќе ги поднесат сите трошоци за негово рехабилитирање.

Здружението на кошаркарски играчи ја дава потполната поддршка во рехабилитирањето и брзото враќање на терените на Марко Симоновски. Се надеваме дека овој случај ќе има позитивна разврска по сите основи и за сите протагонисти, особено за нашиот колега Марко Симоновски.

Здружението на кошаркарски играчи ќе излезе со финално соопштение откако сите релевантни доказни материјали ќе бидат на увид, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ