Словенецот Јуре Здовц ја доби довербата на раководството на Цедевита да ја преземе тренерската функција на хрватскиот кошаркарски шампион.
50-годишниот Здовц во хрватската престолнина доаѓа по две сезони поминати во грчки АЕК.
Во својата професионална тренерска кариера има и селекторски ангажман и тоа во два наврата на клупата на словенечката репрезентација.
Во Цедевита на тренерското место, Здовц ќе го наследи Вељко Мршиќ.