Сезоната на ВИП Лизгалиштето за 2015-2016 година, во рамки на СЦ Борис Трајковски, официјално завршува во недела, информираат од Спортскиот центар.
Претставниците на центарот се задоволни со резултатите од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да се вклучат во ваков вид зимски спорт.
Во недела со почеток од 19 часот, ќе се одржи завршна претстава на Школата по уметничко лизгање, по кое и официјално ќе биде затворена сезоната за лизгање.
Спортскиот центар денеска ја отвори сезоната на тениските терени каде сите љубители на тенисот ќе имаат можност да спортуваат на четирите отворени тениски терени.