Со натпреварите за трето и за прво место вечер ќе биде заокружен седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“, кој изминатиов месец се одржуваше во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Во малото финале кое почнува во 20 часот ќе играат Фенрбахче Кичево и ТК Лока Фер Плеј.
Победникто на турнирот ќе биде подобриот од средбата Маг Логистик – Компанија Атанасовски закажана за 21 часот.
– Како предигра на завршните дуели, од 19 часот гледачите ќе можат да го проследат натпреварот меѓу училишните екипи од ОУ „Александар Македонски“ и ОУ „Димитар Македонски“, информираат од Општина Аеродром.