Заврши ли кариерата на фудбалерот Брено? Следните 3 години ќе ги помине в затвор

Од:

Шокантно голема казна доби фудбалерот на Баер, бразилецот Брено. Осуден е на три години и девет месеци затвор, поради тоа што минатата година ја запали сопствената куќа.

Судот во Минхен ги прифати доказите на обвинителството дека Брено во алкохолизирана состојба подметнал пожар во својата вила во елитното предградије на Минхен. Обвинителството побара пет и половина години затвор за бразилскот фудбалер, додека одбраната инсистираше на поблага казна.

По инцидентот минатата година, Брено не играше фудбал. Одредено време се лечеше и во психијатриски установи. Непосредно пред изрекувањето на пресудата Брено с еобратил пред судот со жалење за стореното со зборовите: „ Се извинувам на сопственикот на куќата од кого ја земав на заем што го оставв без неговито имот. Се извинувам на своето семејство, а особено на моите деца на кои не им бев добар пример. Јас сум ичност која верува во Бог и му Благодарам што ми го сочува семејството. Ова се навистина тешки моемнти за мене, но ми ветувам на Судот дека нема да побегнам од одговорноста“.

И покрај ваквата исповед на Брено му беа досудени скоро 4 години затвор, по кои сосема е извесно дека нема да ја продолжи неговата кариера. Неговиот договор со Баер истече пред неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски