Завршен турнир во Детски фудбалски лиги

Од:

Вкупно 48 екипи поделени во шест возрасни категории – генерација играчи родени 2004, 2005, 2006, 2007, 2008 и 2009, утре и в петок (24 и 26 мај) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе бидат дел од финалниот турнир од Фудбалската федерација на Македонија – Детски лиги за сезоната 2016/2017.

Во секоја од овие генерации ќе се натпреваруваат по осум екипи каде на денот на отворањето ќе се одиграат елиминационите натпревари и полуфиналните натпревари, додека за петок се предвидени натпреварите за третото место и финалните пресметки.

ФФМ упатува отворена покана за присуство до сите заинтересирани медиуми и љубители на фудбалот да бидат дел од фудбалскиот фестивал.

За време на натпреварите во ФФМ од 10:30 часот ќе биде изложен и трофејот од Супер Купот, информираа од ФФМ.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски