Започнува зимската баскет 3×3 лига

Од:

Дванаесет екипи преку четири квалификациски турнири ќе се борат за трофејот во второто издание на зимската баскет лига кое започнува денеска во организација на Кошаркарската федерација и „3×3 Macedonia“.

Првиот турнир ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје по почеток во 12 часот, а секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната и 100 евра за второпласираната екипа.

Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем од лани и изнесува 2.000 евра за шампионот, 1.000 евра за второпласираната екипа, како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа.

Би можело да ве интересира

Зимската баскет лига стартуваше со триумф на „Кино Влае“

Ана Ололовска

3×3 Баскет турнир во Скопје Сити Мол! Пријави се и биди дел од голем баскет спектакл!

Ана Ололовска

„Dust Caffe“ шампион на премиерната зимска 3х3 лига

Ана Ололовска

Утре втор турнир во зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Утре почнува зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска