Започнува кошаркарското првенство на Македонија

Од:

По две одложувања, викендов, конечно ќе стартува новата сезона, 21-ва во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Денеска на пограмата се три натпревари. Најпривлечниот дуел ќе се одигра во Гевгелија, каде Кожув ќе го пречека Работнички, тимот со најмногу шампионски титули. Мечот ќе стартува во 18 часот, а во истиот термин, во Скопје, Вардар ќе му биде домаќин на Куманово. Третиот натпревар од саботната програма, ќе започне во 19:30 часот, во него Струмица ќе игра против Пелистер Спорт. Утре, во второто дерби Лирија за противник ќе го има Фени индустри.

Шампионската титула ја брани екипата на МЗТ Скопје Аеродорм, кој оваа сеозна игра во АБА лигата, оваа екипа во првенството ќе се приклучи во втората фаза.

Од десетте екипи, пет, по завршувањето на првиот дел ќе се пласираат во Супер лигата, по чие завршување, четирите најдобри тимови ќе се борат за титулата.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он