Со натпреварите од првото коло денеска ќе започне втората фаза во македонското кошаркарско првенство – Суперлигата.
Дербито ќе се игра во „СЦ Борис Трајковски“ каде актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на Кожув од Гевгелија, екипа која го освои првото место во првиот дел од шампионатот.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Кожув ќе започне во 19 часот и 30 минути.
Половина час порано (19 часот) ќе почнат другите два натпревара од првиот круг.
Во „Градски парк“ Работнички ќе ја пречека Лирија, додека на единствениот дуел надвор од Скопје ќе играат Фени Индустри – Куманово (сала „Јасмин“ Кавадарци).
Сите екипи стартуваат со нула бодови со тоа што во полуфинални или финални пресметки ќе се сметаат меѓусебните биланси од првата фаза, освен со МЗТ Скопје Аеродром кој се приклучува од оваа фаза.
Во плеј-офот ќе се пласираат четирите првопласирани по одигрувањето на 10.те кругови во Суперлигата.