Олимписките игри во Лондон почнаа денеска попладне, со првиот официјален натпревар во една спортска дисциплина, со фудблскиот меч во Кардиф, во Велс, меѓу женските репрезентации на Велика Британија и Нов Зеланд.
Во Кардиф, Британските фудбалерки ги совладаа своите противнички со 1:0.Единствениот гол Британките го постигнаа од слободен удар, од преку 20 метри. Првиот мец во фудбал на олимпискиот турнир го следеше и претседателот на ФИФА Сеп Блатер.
Покрај овој натпревар од квалификациите, попладнево се играат уште пет други мечеви во женска конкуренција во фудбал.
Официјалното отворање на Игрите е предвидено за петок вечер, но олимпијците ќе се натпреваруваат и утре, кога на терените низ Велика Британија ќе настапат фудбалерите. Во машка конкуренција на фудбалскиот турнир на Олимпијадата, утре ќе се одиграат осум мечеви во квалификациониот дел. Првиот натпревар е меѓу репрезентациите на Хондурас и Мароко, а последен, вечерашниот дуел меѓу домаќините, репрезенатцијата на Велика Британија и на Сенегал.
Британската фудбалска репрезентација ја сочинуваат играчи од Англија и Велс. Репрезентацијата иако во својот соств има фудбалери кои играат и во Премиер лигата на Англија не е фаворит на фудбалскиот турнир. Во последниот контролен натпревар, британските репрезентативци загубија лесно од Бразил со 2:0.
Во петок на денот на отворањето на Игрите, ќе се одржат првите натпревари во стрелаштво, во машка и женска конкуренција.