Запален олимпискиот оган за игрите во Пјонгчанг

Од:

Со свечена церемонија во античка Олимпија, Грција, денеска беше запален олимпискиот оган во пресрет на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Предводени од претседателот на Инернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах , а во присуство на највисоките членови и претставници на ИОК и националните комитети домаќини на следните летните и зимските игри, беше запален олимпискиот оган, кој на 9 февруари идната година треба да биде запален на арената во Пјонгчанг, со што ќе се отворат Игрите.

Пјонгчанг ќе биде вториот јужнокорејски град кој ќе биде домаќин на Олимписки игри, но први зимски, бидејќи во 1988 година Сеул беше организатор на летните игри.

Крос-каунтри скијачот Апостолос Ангелис беше прв носител на олимпискиот факел, кој потоа му го предаде на еден од најпознатите јужнокорејски фудбалери Парк Ји Сунг.

Олимпискиот оган ќе помине 2.129 километри низ Грција пред да стигне на Акропол на 30 октомври, од каде ќе замине на 8.500 километри долгиот пат во Јужна Кореја.

Од 1 ноември олимпискиот оган ќе го има патувањето низ Азија, а ќе го носат преку 3.000 спортисти пред да сигне на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг.

Зимските Олимписки игри ќе одржат од 9 до 21 февруари 2018 година.

Би можело да ве интересира

Бах: Ќе направиме се за да има боксерски турнир на ЛОИ 2020

Наум Локоски

Северна и Јужна Кореја со заедничка кандидатура за Олимписките игри во 2032 година

Наум Локоски

ВИДЕО: Ким Џонг-ун во Јужна Кореја ќе испрати армија убавици

Наум Локоски

ВИДЕО: Олимпискиот оган пристигна во Јужна Кореја

Наум Локоски

Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година

Наум Локоски

Париз ги претстави своите адути за организацијата на ОИ 2024

Ана Ололовска