Двајца шпански мотицицклисти, Бернат Мартинез (35) и Дани Ривас (27), ги загубија животите при вчерашната несреќата што се случи на за време на тестирањето за „Мото Америка“, што се возеше на патеката „Лагуна Сека“ во Калифорнија, САД.
Ривас ја загуби контролата над моторот веднаш по стартот, на него налетаа неколку мотициклисти. Еден од нив беше и Мартинез, кој лошо падна по излетувањето од патеката.
Медицинските екипи бргу интервенираа, сепак не успеаја да ги спасат животите на најтешко повредените.
– Не можам да пронајдам зборови да ја опишам оваа трагедија. Сочувство до семејставата на загинатите, изјави Вејн Рејни, претседател на Мото Америка.