За пласманот на Европското првенство фудбалската репрезентација на Македонија У-21 ќе добие парична награда

Од:

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седницата одржана денеска утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за постигнатиот успех – пласман на ЕП во Полска 2017 година. Со ова вкупниот фонд за репрезентацијата до 21 година за успешните натпревари во квалификацискиот циклус и пласманот на ЕП во Полска 2017 година е во износ од 230.000 Евра.

– Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Благоја Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.

Противниците од групата на шампионатот селекцијата на Македонија ќе ги доби на извлекувањето кое ќе се одржи на 1. декември во Краков.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски