Обидот за одземање на олимпискиот факел се случил на делницата меѓу градовите Мејдстоун и Редхил, во близина на Лондон.
Од толпата излегол непознат човек и се обидел да го одземе факелот, но за среќа носителот на Олимпискиот оган успеал да побегне на сигурно, по што полицијата успеала да го приведе насилникот.
Олимпискиот оган би требало да пристигне во Лондон во петок попладне, кога од хеликоптер ќе биде спуштен на прочуената Лондонска кула.