Вујошевиќ: МЗТ е тим за респект

Од:

Тимот на МЗТ Скопје вечерва од 19 часот го очекува натпреварот против петкратниот шампион на Јадранската лига. Македонскиот шампион досега покажа дека знае да изненади реномирани екипи на гостински терен, а свесен за тоа е и тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ.

„МЗТ за прв пат учествува во Јадранската лига, но веќе покажаа дека заслужуваат огромен респект особено во последните неколку кола. Ги презеде тренерот Пипан, им се приклучија Бакиќ и Оташевиќ, а со враќањето на Гечевски се навистина добар тим“ – вели Вујошевиќ.

„Сигурен сум дека не очекува многу тежок и значаен натпревар и моите кошаркари се свесни за квалитетот на нашиот противник. За нас е важна секоја победа поради промената на правилата околу пласманот во Евролигата. Поради тоа мораме да размислуваме само на победа во утрешниот натпревар“ – додаде искусниот тренер.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он