Вучиќ им честита на македонските фудбалери: Ќе бидеме со вас со цело срце

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им честиташе на граѓаните на Северна Македонија за пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство.

-Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „Будуќност Србија“.

Заедно со пораката беше објавена и фотографија од знамињата на Србија и Северна Македонија.

Успехот на македонската фудбалска репрезентација со пласманот на ЕП наиде на голем одзив во српските медиуми. Речиси и да нема медиум кој не пишува за успехот на фудбалската реперезантација по синоќешната победа на Грузија во Тбилиси и пласманот на ЕП.

Северна Македонија го слави Пандев, Северна Македонија и Пандев пишуваат историја, Никој не може да го оспори Горан Велики, Историски успех на Северна Македонија и пласман на ЕП, Комшиите ја пишуваат историјата, пишуват српските медиуми, цитирајќи ги изјавите на македонските фудбалери по победата и објавувајќи фотографии и видео стории од вчерашниот натпревар.

Медиумите во Србија го забележаа и славењето на граѓаните по улиците со наслови- Лудница во Скопје, Македонците масовно го слават пласманот на репрезентацијата на ЕП, но и паричната награда на македонската влада за пласман во износ од 10.000 евра, со наслов Македонците го запалија Скопје заради пласманот на ЕП, државата итно се обрати и вети премии.

Со оглед на вчерашниот неуспех на српската фудбалска репрезантација со Шкотска, која на пенали немаше среќа да се пласира на ЕП, медиумите уште повеќе му даваат значење на успехот на македонскиот национален тим- „Ние не успевме, но Македонците првпат на ЕП“.

Особено значење беше дадено на одјавата на коментаторот на Македонската радио телевизија, проследен со видое запис –Уживај Македонијо…ова е порака за сите православни, Христијани, Албанци, Турци.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска