Второ издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ 2018“

Од:

Охрид денеска ќе мине во знак на спортот, дружењето и рекреацијата во рамки на најголемата и најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ 2018“.

Повеќе од илјада учесници ќе трчаат во три дисциплини. Натпреварувачкиот дел е трката на десет километри додека петкилометарската и тим-билдинг трката се со рекреативен карактер. Трасата на трката минува низ најубавиот дел на Охрид, низ улиците од централното градско подрачје и Стариот дел на градот.

Најмасовна тим-билдинг екипа во рамки на „Охрид трчаТ“ ќе биде онаа на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“. Шеесеттина нивни активисти, но и сами пациенти со ретки болести и нивни семејства преку учеството на манифестацијата ќе ја дадат својата поддршка со цел подигнување на јавна свест, навремена и бесплатна дијагноза, пристапност и достапност на лековите за пациентите со ретки болести.

Инаку, свое учество во манифестацијата веќе потврдија бројни професионални спортисти, како и јавни личности од забавниот, културниот и политичкиот живот, меѓу кои и министрите Венко Филипче, Дамјан Манчевски и Драган Тевдовски, амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Самуел Жбогар.

Организаторите за што подобра промоција на Охрид и Атлетскиот викенд, како минатата така и оваа година обезбедија пренос во живо.

Во отворено студио ќе има многу гости, разговори со организаторите и други од гостите и учесниците на спортската манифестација. Преносот во живо ќе започне во 9 часот и 20 минути, а почетокот на трките е закажан за 10 часот.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“

Дарио Ивановски во машка и Билшерин Сулејман во женска конкуренција победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“

Ана Ололовска

Почна седмото издание на „Охрид трчаТ“

Ана Ололовска

Времен сообраќаен режим за „Охрид трчаТ“ утре во Охрид

Ана Ололовска

Биљана Кираџиева и Милош Ранчиќ победници на „Охрид трчаТ“

Катерина Ѓуровски

Четврто издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“

Ана Ололовска