Втора победа за репрезентацијата на Македонија

Од:

По одличното прво полувреме и неизвесното второ Македонија победи во вториот натпревар од групата Б, против репрезентацијата на Катар.

Големата предност која ја имавме во првото полувреме не беше доволна за сигурна победа. Ракометарите на Катар во вториот дел од натпреварот се доближија на два гола разлика.

Сепак нашите ракометари успеаа да ја задржат предноста и да го добијат натпреварот. Резултатот на крајот беше 34:30 (21:13).

Најефикасен на теренот беше Кире Лазаров, кој постигна девет гола, Дејан Манасков и Наумче Мојсовски постигнаа по пет погодоци, а Ристовски мечот го заврши со 11 одбранети топки.

Наредниот натпребар Македонија го игра во вторник, против репрезентацијата на Исланд.

На првиот денешен дуел од Б групата Исланд го победи Чиле со 38:22.

Вечерва се игра дербито на колото меѓу Русија и Данска.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он