Македонската футсал репрезентација по вторпат беше поуспешна од селекцијата на Црна Гора во тест натпреварот што се одигра во СЦ „Јане Сандански“.
По триумфот во вторникот со 5:2, избраниците на селекторот Васко Скендеровски вчера победија со 5:3, на полувреме Македонија водеше со 2:1.
Александар Глигоров даде три гола, по еднаш мрежата на Црна Гора ја погодија Мартин Тодоровки и Џо Арсовски.
Македонската репрезентацијата се подготвува за квалификацискиот турнир за Европското првенство што ќе се одржи во март во Скопје, а се наоѓа во група со Шпанија, Унгарија и со репрезентацијата која ќе биде најдобра второпласирана од прелиминарната фаза.