Андреа Довициозо е победник на трката за Големата награда на Каталуња во Мото ГП шампионатот.
Довициозо кој минатиот викенд беше најдобар во Муџело, Италија, денеска го повтори резултатот и за прв пат по седум години на тимот на Дукати му донесе две победи во низа, по Кејси Стонер во 2010 година кој успеа да слави на две последователни трки во најсилната класа.
Довициозо кој трката ја започна од седмата позиција имаше импресивен настап и на крајот успеа да се справи со двоецот на Репсол Хонда, актуелниот шампион Марк Маркез и Дани Педроса.
По оваа трка Вињалес остана лидер во генералниот пласман 111 бодови, пред денешниот победник Довициозо сега има само седум помалку (104), а зад него се Маркез (88), Педроса (84) и Роси (83).
Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози за две недели во Асен, Холандија.