Кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години, ја оствари и втората победа во Б дивизијата на Европското првенство кое се одржува во Сараево.
Македонските надежи попладнево во натпревар од 2. коло на групата А ја совладаа селекцијата на Бугарија со 67:49 по четвртини 18:16, 12:9, 10:15 и 9:27.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Дејан Србиновски со 13 постигнати поени.
Стефан Милевски натпреварот го заврши со „дабл-дабл„ учинок од 12 поен и 12 скокови, додека Давид Пецалевски придодаде 11 поени за нашата селекција.
Инаку, во првиот денешен натпревар од оваа група, Естонија ја победи Норвешка со 61:47, а вечерва ќе играат уште Финска и Португалија.
Токму Португалија е следниот противник на Македонија, во дуелот 3.коло кој ќе се игра утре 20 часот.