Хорхе Лоренцо е новиот шампион во Мото ГП, откако шпанскиот мотоциклист на една трка до крајот успеа да си создаде недостижна предност во однос на ривалите.
До победа во Австралија стигна миленикот на домашната публика Кејси Стонер, а по Лоренцо кој го освои второто место следуваше Кел Крачлоу кој обезбеди место на победничкиот подиум.
За Лоренцо ова е втора шампионска титула во кариерата, а тој сега има недостижни 43 бодови предност пред второпласираниот Педроса во пресрет на последната трка во Валенсија.
„Како што се ближеше финишот на сезоната, така јас станував се понервозен. За малку ќе ми се случеше и јас да излетам како Педроза во вториот круг, но за среќа успеав да го исконтролирам моторот. Ова е прекрасен момент за мене, втора титула во кариерата на која што се надевам дека ќе се надоврзам во следните години“ – изјави Лоренцо.