Футсал репрезентацијата на Македонија го доживеа и вториот пораз на квалификациите за Европско првенство што се играат во Агулиас, Шпанија.
Синоќа минимална победа од 3:2 постигна Хрватска. Противникот водеше во два наврати 1:0 и 2:1, а Македонија успеваше да изедначи.
На вториот натпревар од групата 4, домаќинот Шпанија со 13:0 ја совлада Шведска.
Македонија во првото коло загуби од Шпанија со 5:1.
Денеска е слободен ден, а утре Македонија ќе игра против Шведска.
На табелата Шпанија и Хрватска имаат по 6 бодови, а Македонија и Шведска се без бод.
Првопласираната репрезентација од групата ќе игра на Европското првенство во Белгија, а второпласираните селекции од седумте групи и најдоброрангираната трета ќе играат бараж.