ВИДЕО: Втор пораз на фудбалерите од Хрватска

Од:

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа вториот пораз од селекцијата на Хрватска во квалификациите за СП 2014 во Бразил. Откако  дома славеа со 1:0, вечерва Хрватите во Скопје славеа со 2:1.

По овој пораз нашата репрезнтација по три кола останува на еден бод и на последното место во групата А, во која вечерва Србија беше декласирана од Белгија на домашен терен со 0:3, а Велс ја совлада Шкотска со 2:1.


Во 16. минута Агим Ибраими на додавање на Ристиќ со шут по земја го совлада Плетикоса за еуфорија на „Филип Втори“.

Во 32. минута Ведран Чорлука по корнерот на Ракитиќ го совлада Богатинов. Хрватскиот дефанивец од Локомотив Москва беше оставен сам од нашата одбрана и не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Ракитиќ по вторпат се обиде од слободен удар во 60. минута од преку 30 метри откосо директно кон нашиот гол, за наша жал успеа да го изненади Богатинов, кој можеше само да ја проследи топката како завршува во неговата мрежа.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра