Италијанскиот Врховен суд вчера ја отфрли жалбата на парот кој смета дека е неправедно осуден за несоодветно однесување на јавно место, бидејќиводеле љубов под ведро небо, во време кога целиот град бил пред малите екрани и го гледал фудбалски натпревар.
Како што пренесува Ројтерс, 60-годишен маж и 40-годишна жена биле фатени како водат љубов на јавно место во едно мало гратче на југот на Италија во време кога италијанската репрезентација играше во четврт-финалето на Светското првенство во Германија во 2006.
На судењето се бранеле дека намерно “ја темпирале” својата сексуална авантура за време на натпреварот за да не навредат некого, бидејќи сите во градот го гледале натпреварот на телевизија.
Како потсетување, таа вечер Италија играше против Украина и победи со резултат три-нула, а подоцна во финалето ја надигра Франција и стана светски шампион.