Откако постариот брат на Пол Погба, Матијас Погба преку социјалните мрежи најави „експлозивни“ откритија за неговиот брат, ѕвездата на Јувентус, Пол Погба, со соопштение се јави неговата адвокатка Рафаел Пимента и Јео Мориба (мајката на Пол и Матијас).
Матијас Погба се закани дека по неговите откритија за неговиот брат, но и за Килијан Мбапе, ќе се знае дали тие ја заслужуваат почитта на фановите низ целиот свет, по што Пимента (која го наследи Мино Рајола како застапник на Погба) и Мориба ги обвинија постаариот брат дека се работи за чиста уцена.
„Неодамнешните коментари на Матијас Погбаа на социјалните мрежи се несреќни, но не и изненадувачки. Тие се дополнување на заканите и на обидите за уцена преку организирани криминалци против Пол Погба. Властите во Италија и Франција пред еден месец запленија ваков материјал и затоа нема да даваме дополнителни коментари за случајот“, се вели во заедничкото соопштение на Пимента и Мориба.
Извор: Топспорт