Поранешниот предводник на Индијана Френк Вогел е наименуван за нов тренер на Орландо Меџик, соопштено е на официјалната веб страна на НБА лигата.
Во текот на петте години во Индијанаполис, 42-годишниот Вогел има постигнато 250 победи и 181 порази. Под негово водство, Пејсерс стигна до финалето од плејофот во Источната конференција сезоната 2012/13, каде што загуби од Мајами во „мајсторката“.
Вогел е познат како тренер специјалист за игра во одбраната.
– Додека бевме во потрага по нов тренер, стана очигледно дека Френк совршено се вклопува во нашиот концепт и организација. Тој е силен, работлив и искусен лидер кој спроведува паметна, физички силна, несебични и одбранбена кошарка, што како клуб се стремиме, изјави Роб Хениган, генерален менаџер на Орландо.