Турската фудбалска федерација официјално објави дека новата сезона во првата лига во земјата ќе биде воведен системот за видеоарбитража – ВАР.
Тој беше претставен на состанокот со претседателот на Турската федерација, министерот за млади и спорт, претседателот на локалната лига и директорот на ФИФА за Европа – Бјорн Васало и други одговорни претставници од европскиот фудбалски штаб.
Новата сезона во Турција започнува на 10 август.