Во Струмица е поставено лизгалиште

Од:

До крајот на февруари струмичани ќе можат да се лизгаат на монтажното спортско лизгалиште кое е поставено на Плоштадот „Гоцe Делчев“.

Подигањето на лизгалиштете е во рамките на проектот на Агенцијата за млади и спорт за поставување на седум лизгалишта во Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово во соработка со локалните власти на овие општини.

Лизгалиштето е опремено според светски стандарди со машини за острење на лизгалките, машини за одржување и мазнење на мразот, со панели од поцинкуван челик, а е оградено со алуминиумска ограда.

Лизгањето за половина час чини 50 денари, а во цената е вклучено изнајмување лизгалки и гратис чај.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски