Во Шпанија, играчите се враќаат на тренинзи во понеделник, Ла Лига се обновува на 5 јуни

Од:

Премиерот на Шпанија, Санчез објави дека од 4 мај на локалните професионални спортисти ќе им биде дозволено да прават индивидуални тренинзи надвор.

Ова значи дека играчите сега ќе можат да ги спроведуваат своите активности во клупските бази, иако самостојно.

Овој датум е спомeнат и во протоколот на Врховниот совет за спорт, испратен до Министерството за здравство и објавен од Санчез.

Пред тренинг, ќе бидат тестирани играчи и претставници на ограничениот тренерски персонал. Ова ќе се случи во нивните автомобили.

Наведени се уште три важни датуми. Од 18 мај тренинзите ќе се одржат во мали групи од шест, а една недела подоцна по осум. Ќе нема повеќе од 10 лица на терен, вклучувајќи ги и тренерите.

На 1 јуни се предвидува активности да бидат дозволени во исто време за целиот тим, но повторно под одреден протокол.

5 јуни е долгоочекуваниот датум на кој веројатно ќе продолжи сезоната во Ла Лига, иако без публика.

Во зависност од напредокот на тренинг процесот, можно е да има еднонеделно одложување и првите натпревари од 28-то коло да се играат на 12 јуни.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра