Во Прилеп камп на млади македонски шахисти

Од:

Во Прилеп од денеска до недела се одржува Камп за млади шахисти од градот домаќин, Скопје, Неготино и Охрид кои се најдобри во своите категории во земјава.

Според шаховскиот велемајстор Трајко Недев, во кампот во хотелот „Сонце“ во Прилеп се најдобрите млади надежи на Македонија.

– Целта е да се поттикне иницијатива, шахот да заживее и да добие поголема поддршка, изјави Недев, шаховски велемајстор од Неготино.

Велемајсторот, државен репрезентативец Звонко Станојоски е тренер на младите шахисти. Очекува дека нивното учество во кампот ќе гарантира успеси на македонската репрезентација во шах.

Кампот го отвори градоначалникот Илија Јованоски нагласувајќи дека Македонија има млади надежни шахисти за големи натпреварувања.

– На организаторите и присутните им посакувам успешно да го завршат овој камп. На младите следбеници на оваа древна игра им посакувам да земат подобра позиција на европското и светското првенство во шах, што ќе се оддржат во наредниот периодГорди сме што има од кого да научат. Тука се велемајсторите кои ги подготвуваат за наредниот период, изјави Јованоски.

Младите шахисти со импресии зборуваат за натпреварот.

– Долго време учествувам на државните првенства и на други турнири низ Македонија и други држави. Интересно е бидејќи има многу различни варијанти, можности за играње, како и возбудливи моменти, вели Матеј Ѕвездакоски од Прилеп.

– Јас сум првак на Македонија до 14 години. Шахот ми е интересна игра, има многу варијанти и можности за играње, вели Христијан Цакончев од шаховскиот клуб „Алкалоид Скопје“.

Овој камп е еден од трите планирани во државава. Првиот е организиран во Неготино, а сега во Прилеп.

Според најавите на организаторите, првите десетина учесници – државни прваци во своите категории, ќе учествуваат во сите натпреварувачки кампови.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски