Во Охрид промовиран проектот „Спортот и семејните вредности“

Од:

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации и Општина Охрид, во спортската сала на ОУ „ Григор Прличев“ денеска беше промовиран проектот „ Спортот и семејните вредности“.

По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани, Кратово и Македонски Брод и Берово Охрид е општината во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот.

Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.

Во спортската сала во Охрид дечињата заедно со нивните родители беа дел од најмасовно организирани другаруваа и се натпреваруваа во штафета со топка,подавање под нозе и со глава, фудбал и ракомет, штафетно пресоблекување дрес и шутирање топка на мали голови.

Настанот го отвори претседателот на Сојуз на спортски федерации Наташа Илиевска Јордановска која изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

– Веруваме дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта, а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата, изрази Илиевска.

Тони Симоновски како претставник на локалната самоуправа од Охрид беше задоволен од одѕивот на деца и родители на овој промотивен настан.

-Преку овој проект, почнува процес кој ќе помогне за подигнување на јавната свест за значењето на спортот и рекреацијата, како здрави животни навики и стил на живеење, рече Симоновски.

Повеќе од 140 деца по завршувањето на настанот добија подароци топки, стегачи и др.спортски реквизити.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“