Во главниот град на Непал, Катмандуу во петокот започна првата геј Олимпијада во светот.
На игрите ќе се натпреваруваат стотина лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и трансродни атлетичари.
Тридневната спортска манифестација започна со фудбалски меч помеѓу два локални тима.
Во текот на геј Олимпијадата ќе бидат одржани различни атлетски натпревари, тениски мечеви, натпревари во одбојка, кошарка, фудбал, соопшти организаторот на Игрите, непалското геј здружение „Блу дајмонд“.