Во меч со пресврти Ѓорческа избори второ коло

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во второто коло од фјучрсот во Падова (награден фонд 25.000 долари). Таа во првото коло ја победи со 2-1 во сетови Андреа Гамиз од Венецуела.

Првиот сет со 6:2 во гемови беше за нашата тенисерка, која во вториот сет имаше предност од 5:3 во гемови и гем на свој сервис. Но, Гамиз успеа да направи серија од пет гема. Го доби вториот сет со 7:5 во гемови со што изедначи на 1:1 во сетови, а потоа поведе и со 1:0 во гемови во решавачкиот сет.

Ѓорческа успеа да се врати во мечот и ги доби следните шест гема за триумф откако решавачкиот сет заврши со 6:1 за Ѓорческа. Мечот траеше 126 минути.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу првата носителка Јаселин Бонавентуре (Белгија) и Мартина Ди Џузепе (Италија). Ѓорческа попладнево ќе игра и меч од првото коло во конкуренција на двојки.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен