Во Мариово Фестивал на велосипедизам и планински спортови

Од:

Низ планинските пространства во Мариово денеска се одржа петтото издание на фестивалот за велосипедизам и планински спортови „Off-road experience“, на кој колу 800 учесници, велосипедисти, планинари, болдеристи и гости од 20 земји кои живеат во Македонија во пет дисциплини ги истражуваа природните убавини на овој еколошки најчист крај во Европа.

Слободан Трајковски, претседател на здружението „Вело Европа“; организатор на Фестивалот, истакна дека секоја година имаат се поголем број учесници.

– Во Мариово сме од петокот, а трките беа денеска. Имаше три трки од 40, 50, и 60 километри низ мариовските села, планинарење, болдеринг и планинско трчање. Фестивалот привлекува љубопитници, а ние го промовираме надвор од Македонија за да стане атрактивна дестинација на Балканот и во Европа за овие екстремни спортови. Всушност, не има во европски списанија за туризам и Мариово е идеално токму за алтернативниот туризам, изјави Трајковски.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“