Во Хрватска ќе се одржи 11. футсал турнир за свештеници

Од:

Во Вуковар од 20. до 23. февруари оваа година ќе се одржи 11. европско првенство во мал фудбал за свештеници наречено Clericus Cup.

Свештеници од неколку европски земји еднаш годишно се собираат на натпреварување во футсал, а Хрватска ќе биде домаќин на овој турнир по втор пат, после 2006. година.

На турнирот во Вуковар ќе настапат 15 репрезентации: Португалија, Италија, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Украина, Белорусија, Казахстан и домаќинот Хрватска.

Натпреварувањето е организирано од Хрватскиот фудбалски сојуз, а покровители на турнирот се хрватските црковни одбори.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска