Во Гостивар отворена фитнес зона

Од:

Заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт Газменд Ристеми во придружба на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари ја предаде првата фитнес зона во Гостивар. Ристеми во оваа пригода најави дека во наредниов период ќе следуваат неколку инвестиции за развојот на спорот и физичката култура.

– Оваа фитнес зона е почеток на програма за инвестирање во спортски објекти. Наскоро во Гостивар ќе започне и изградба на терени за тенис и мали спортови. Мошне значајно е што во завршна фаза е идејниот проект за изградба на покриен базен во Гостивар. Големи проекти наскоро ќе се започнат и во општина Чаир, Дебар, а очекувам наскоро да започне и реконструкцијата на базенот во Струга, рече заменик директорот Ристеми.

Таравари изрази благодарност за реазлизација на фитнес зоната нагласувајќи дека ова е прва државна инвестиција откако е тој раководи со општината.

– Се надевам дека и во иднина Владата ќе ги поддржува и помага општините со кои раководат опозициските партии исто како и оние на владејачките. Вакви и покрупни прокети очекувам и во иднина, бидејќи гостиварци тоа го заслужуваат, без оглед на нивната политичка определба, рече Таравари.

Во новата фитнес зона во населбата Дутлок, државата инвестираше речиси два милиони денари. На просторот што го определи општинската власт има осум справи од кои една за лица со посебни потреби и пропратна опрема.

Би можело да ве интересира

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента