Во Делчево вицешампионот Вардар убедливо против Клубски Патриот

Од:

Во првото коло од првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на Вардар со убедливи 19:81 славеше над делчевскиот прволигаш „Клубски Патриот“.

Натпреварот целосно под контрола го имаа гостите кои без посериозен напор и на моменти со втор состав дојдоа до рутинска победа во првото коло од најелитното женско кошаркарско натпреварување. Тренерот на Вардар, Жаклина Стојановска, честитајки им на своите кошаркарки за победа, истакна дека од новата сезона очекува силна борба за шампионскиот и куп трофејот.

– Вардар, како и минатата сезона, така и во оваа сезона настапува со исти амбиции. Ќе атакуваме на шампионскиот пехар, како и куп натпреварувањето. Оваа година има поголема конкуренција, екипата на Работнички и екипата на Бадел се нашите најголеми противници, меѓутоа со квалитетен тренажен процес ќе се потрудиме да ја оствариме нашата цел. Им честитам на кошаркарите од Делчево за борбеноста и на стручниот штаб за добрата организација, рече Стојановска.

Љупчо Петровски, тренер на екипата од Делчево, рече дека е задоволен од залагањето на своите кошаркарки од кои очекува подобра игра во следните натпревари.

Натпреварот во Делчево се одигра во спортската сала „Методи Митевски Брицо“ во присуство на околу стотина гледачи.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ