Над 200 деца заедно со наставниците, родителите и претставниците на локалната самоуправа од Делчево денеска ќе присуствуваат на финалниот натпревар на 12 финалисти во Параолмписката игра Бочија, прва од ваков вид во земјата.
Овој натпревар е дел од иницијативата „Спорт, инклузија и Бочија“, која ја спроведува Бравура Кооператива, Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со попреченост, како дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и промовирање социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ со финансиска поддршка од Европската Унија и од УНИЦЕФ.