Владо Јовановиќ на местото на Пипан?

Од:

Српскиот стратег, Владимир Јовановиќ би можел да биде наследникот на Алеш Пипан на менаџерското столче во МЗТ Скопје.

Алеш Пипан помина нецела сезона во редовите на шампионот на Македонија. Сезоната за него беше доста успешна, а по одличните резултати најпрво доби повик од репрезентацијата на Македонија, па потоа и од словенечкиот кошаркарски гигант, Унион Олимпија.

Поради подобрите финансиски услови, Пипан се одлучи за Унион Олимпија и го остави МЗТ Скопје без тренер.

Но од управата не седат со скрстени раце. Како прв пик е извран Владимир Јовановиќ, екс-тренерот на Партизан и репрезентацијата на Србија под 18 години.

Како што наведуваат од управата, новиот тренер речиси сигурно ќе биде од екс-Ју просторите.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ