Владо Илиевски: Вонредното собрание на МКФ беше нелегитимно, пропустите надвор од секоја правна и спортска процедура

Од:

Кошаркарот Владо Илиевски, кој е кандидат за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација, во соопштение до јавноста истакнува дека одржаното вонредно собрание на МКФ било нелегитимно и незаконско.

„Почитувани,

По денешното вонредно Собрание на Македонската кошаркарска федерација, како учесник во трката за нов претседател на МКФ, ја информирам севкупната домашна и странска јавност дека оддржаното вонредно собрание на МКФ беше нелегитимно и незаконско и јас не ги признавам резултатите од истото.

Оваа моја реакција се темели на флагрантно кршење на процедурите и Статуот на федерација, а пропустите беа надвор од секоја правна и спортска процедура. Мојот правен тим за време на седницата ги забележа следните пропусти и противзаконитости, кои претседателот Петар Наумовски ги дозволи, односно учествуваше во кршењето на Статутот на МКФ и процедурите за работа на Собранието.

1.Согласно Член 12 од Статутот на МКФ, членките на собранието се наведени и претходно објавени. Не секоја членка на федерацијата е членка и на Собранието на МКФ. И покрај таквата одредба, Пеце Наумовски на денешната седница дозволи здружението (членка на федерацијата) “3 на 3” да учествува и гласа на собранието иако не е негова членка;

2. На кошаркарските клубови КК Работнички од Скопје, КК Шкупи од Скопје и КК Струмица и нивните делегати им беше дозволено гласање иако истите не презентираа Тековна состојба од ЦРМ понова од 7 дена, преку која ќе се утврди дека се овластени полномошници, а како што е предвидено во Статутот на КФМ.

3. Во дневниот ред во рамки на точката разно беше даден предлог за носење на одлука, со која ќе се забрани гласање на доверба или недоверба на претседателот на МКФ во период од 2 години сметано од денес. Констатираме дека согласно правните прописи, во точка разно не може да се вметне носење на било каква одлука. Дополнително одлука за гласање или негласање на доверба на претседателот на МКФ мора претходно да биде предвидена согласно Статутарните одредби на МКФ и истата да се донесе со 2/3 мнозинство на гласови, а не со просто мнозинство (16 гласови) како што беше изгласана денес.

4. Во записникот од денешното собрание никаде нема наведено која одлука со колку гласови е донесена, а за време на самото собрание претседавачот на седницата Петар Наумовски не констатираше која одлука со колку гласови се донесува или одбива, како имаше можност за броење на гласовите и полна важност на одлуките.

До надлежната Агенција за млади и спорт бараме целосна ревизија на бројот на делегатите и нивните официјални полномоштва за учество работата на Собранието на МКФ и испитување на целата постапка.

Како екс меѓународен кошаркар и македонски репрезентативец напоменувам дека во име на доброто на спортот ќе ги искористам сите можности со цел девастирањето на македонската кошарка конечно да запре, а поради сите горенаведени прекршувања на статутот на МКФ и позитивните прописи, барам Петар Наумовски да си поднесе неотповиклива оставка.

Ги повикувам сите соодветните органи да извршат ревизија врз работењето на МКФ и денешното вонредно собрание, кое потенцирам дека беше нелегитимно и противзаконско. Благодарам на поддршката од целата јавност, борбата за доброто на македонската кошарка профолжува уште повеке и посилно од денеска.

Со спортски поздрав,
Владо Илиевски“

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска