Владо Илиевски ги израдува македонски фанови најавувајќи дека би сакал да настапи на следното Европско Првенство во Словенија, за својата репрезентација.
Тој претходно најави дека се повлекува од репрезентацијата непосредно по завршувањето на предолимпискиот турнир во Венецуела, но во меѓувреме сепак го смени ставот и делува подготвено да му се стави на располагање на новиот селектор Алеш Пипан.
„Претходно кога решив да ја завршам репрезентативната кариера, тоа го сторив поради семејни причини. Сега работите се подобри од тој аспект, па нема пречки за да бидам дел од репрезентацијата. Разговарав со селекторот Алеш Пипан, таа средба беше многу позитивна, но се договоривме да се чуеме и по завршувањето на сезонава, за да му го кажам мојот одговор. Моја најголема желба е да се простам од македонската репрезентација токму со настап на ЕП во Словенија, шансите да настапам на овој шампионат се големи.“ ,изјави Илиевски во своето интервју за словенечките медиуми.